Шекеринска – Виерек: Македонија е во сериозна криза поради прислушувањето

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со делегација на ЕУ, предводена од Јоханес Виерек, од одделот за Западен Балкан на Европската унија, одговорен за Македонија.

На средбата се разговараше за сериозната политичка криза во земјава, прислушувањето од страна на власта на над 20 илјади граѓани во Република Македонија, контролата на Никола Груевски и неколкумина негови соработници врз медиумите, за целосната партизираност на државните институции.

Заменик претседателката Шекеринска на средбата рече дека доказите коишто ги обелоденува СДСМ потврдуваат дека во Македонија, особено за време на изборните процеси се издавале лажни лични карти, граѓаните биле уценети, заплашени и под притисок, посебно ранливите категории на граѓани и администрацијата, дека во Македонија судските пресуди се договараат преку разговор на владини функционери, а не во судница.

Делегацијата на Европската унија изрази сериозна загриженост за состојбата во којашто се наоѓа земјата.

Главната задача и фокусот на СДСМ е ова што се случува во Македонија да заврши и никогаш повеќе да се повтори, нагласи Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство