ТХП: Со ваквите законски промени се креираат совршени услови за манипулација со личните карти

Од:

„Предложените измени за „Законот за лични карти“ и „ Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните“ кои беа доставени од страна на власта во никој случај не се прифатливи за Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП).

Со предложените законски измени ќе се овозможи во секој град да се издадат лични карти, со што ќе се прекрши Уставот на Република Македонија.  Со ваквите законски промени се креираат совршени услови за манипулација со личните карти, односно власта сака да ја олесни процедурата одредени поединци да имаат повеќе лични карти. Јавноста треба да знае дека доколку предложените законски промени се усвојат од страна на Собранието во иднина ќе се соочиме со нови изборни измами и манипулации.  Исто така ќе се манипулира и со пописот на населението, и се зголемува ризикот намерно да се намали бројот на  Турската заедница во Република Македонија“, се вели во соопштението на ТХП.

„Доколку некој граѓанин престојува во странство повеќе од 3 месеци ќе се избрише од евиденцијата на живеалиште. Граѓаните кои ќе бидат избришани од евиденцијата ќе немаат можност за нова лична карта. Со тоа голем дел од иселениците кои живеат во Европа и Турција ќе бидат елиминирани од пописот и бројот на Турците во Република Македонија ќе биде драстично намален.

Дали со предложените законски измени власта планира и во иднина да продолжи со изборните манипулации преку личните карти? Дали со предложениот  закон власта сака да го намали бројот на Турците, но и на сите помали заедници во Република Македонија? Или пак намерата e целосно бришење на помалите етнички заедници?

Сметаме дека предложените законски измени  се од голема значајност за Партијата за Движење на Турците (ТХП)   во Македонија и потенцираме дека сме против усвојување на истите.

Сакаме да ја информираме јавноста дека Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) и понатаму со будно око ќе го следи процесот на предложените закони и ќе ги искористиме сите демократски и законски инструменти за постигнување на целта“, пишува во соопштението на ТХП.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски