Криза во земјата на самбата: Бразилската економија се препелка

Од:

ДПА – Хамбург

Во последните неколку години, Бразилија имаше многу црти карактеристични за периодите на бурен развој: висок економски пораст, милијарди долари инвестиции, профитабилни договори, па дури и блесок на домаќин на светското првенство во фудбал и на олимписките игри. Но сега таканаречениот „Зелен гигант“ изгледа се препелка.

Бразилскиот претседател Дилма Русеф неодамна ги предупреди своите сограѓани да се подготват за стегање на коланите.

Во нејзиното телевизиско обраќање по повод Меѓународниот ден на жената таа зборуваше за „сегашните економски проблеми“ и „привремени жртви“, по што ги замоли бразилците за трпение и разбирање, и ја фрли вината за се врз меѓународната економска криза.
Во контекст веќе разочарани од огромните корупциски скандали и слаби економки резултати, многу бразилци добија чувство за лошите сигнали од тоа браќање.

Всушност Русеф се бори на многу фронтови:

Инфлацијата и економијата

Седмата по големина економија во светот стагнира. Во 2014 година, бразилската економија, според оценките, бележи нула раст, а аналитичарите очекуваат пад од 0,66 проценти во 2015 година. Инфлацијата расте, таа достигна 6,4 проценти во 2014, а аналитичарите на пазарите очекуваат 7,7 проценти во текот на оваа година, што ќе биде доста под зацртаните цели на владата од 4,5-6,5 проценти. Бразилската централна банка одговори со зголемување на основната камата „селик“ до 12,75 проценти, со тенденција за нејзин пораст.

Суша и високи цени на енергијата

Цените на енергите се суштинскиот фактор за поскапување во животот во целина. Бразилците не само што плаќаат многу за бензините, туку исто така и за струја, вода и за други услуги. Во некои региони цената на струјата порасна над 30 проценти на почетокот на март, додека сметките за вода во многу случаи пораснаа за осум проценти. Тоа се должи на незапаметената суша која со месеци ги зафати североисточните и југоисточните региони на државата. Цената на некои храни исто така скокна. „Знам се што се одразува во вашите животи. Сосема сте во право, дека сте јадосани и обеспокоени“, изјави Русеф.

Нафтената афера

Корупциската афера која ја засега најголемата компанија во земјата – контролираниот од државата нафтен гигант Петробрас – со месеци е во центраот на медиумското внимание. Обвинителството смета дека се злоупотребени милијади долари за да се поткупуваат партии и функционери.

Редица пратеници и поранешни министри, претежно од владејачката коалиција, се под истрага. Раководителката на Петробрас, со која Русеф беше во тесни врски, се повлече минатиот месец. Самата Русеф која претседаваше со Советот на директорите на Петробрас осум годни, исто така е предмет на критика.

Слаба валута

Бразилците долго и внимателно размислуваат пред да отидат на одмор во странство, особено се кон саканте дестинации како САД и пред се Мајами. Не дека не им се оди на екскурзии, но бразилскиот реал со месеци поефтинува во однос на доларот. Американската валута скокна над 15 проценти спрема реалот од почетокот на годинава и на почетокот на оваа недела беше на ниво од 3,10 реали. Во 2014 година, доларот скокна над 10 проценти во однос на бразилската валута.

Пазарот на автомобили

Автомобилскиот сектор е кичмата на бразилската економија, и покрива околу пет проценти од БДП на земјата. Бразил се котира помеѓу четврто и петто место меѓу најголемите автомобилски пазари, но рачната сопирачка јавно беше активирана во тој сектор во 2014 година. Во годината во која Бразил беше домаќин на светското првество во фудбал, бројот на продадените во земјата автомобили опадна за 7,2 проценти, а производството на коли се намали за над 15 проценти. Се очекува и оваа година исто да биде тешка, освен ако некои водечки производители, како што лидерот на пазарот Фолксваген, не ги сменат своите планови за проширување на дејноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск