Сочен колач со вишни

Од:

Фини коцки, со вишни и чоколадо …

Потребно е:
за кората:
4 јајца
100 гр шеќер
1 лажиче ванилин шеќер
4 лажици брашно
1 лажиче прашок за пециво
100 гр путер
100 гр чоколадо
1 тегла (750 гр) компот од вишни

за кремот:
250 мл слатка павлака
100 гр чоколадо за готвење
слатка павлака-за украсување, по желба

Подготовка:
– Прво подгответе го чоколадниот крем. Во еден сад на рингла на средна температура ставете ја слатката павлака и чоколадото искршено на коцки. Со постојано мешање варете додека не се растопи чоколадото. Оставете да се излади.

– На пареа растопете го чоколадото со путерот и оставете да се излади.

– Вишните исчистете ги од семките, а сокот од компотот сочувајте го за преливање на печената кора.

– Преминете на подготовка на тестото за кората.

– Одвоите ги белките од жолчките. Белките со прстофат сол изматете ги во густ шлаг.

– Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете ги брашното, прашокот за пециво и растопената смеса со чоколадо и путер. Убаво изматете па во смесата на крај додадете го и изматениот шлаг од белки и измешајте со дрвена лажица за да се соединат сите состојки.

– Тавата за печење (20х30 см) премачкајте ја со масло и посипете ја со малку брашно.

– Смесата сипете ја во намастената тава, одозгора распоредете ги вишните и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени. Со дрвена чепкалка за заби проверете дали е печена кората.

– Печената кора избоцкајте ја со вилушка  прелијте ја сокот од компотот. Кога ќе се излади кората одозгора ставете го чоколадниот крем и оставете го колачот убаво да се излади, најдобро преку ноќ да го оставите во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска