Во повеќе градови низ Македонија можат да се забележат графити со различна содржина, по повод актуелните политички случувања во Македонија, аферите со прислушкувањата што ги објавува опозицијата.
Во Гостивар е испишан графит во кој се бара оставка од Груевски.
Охриѓани велат: „Знам дека е Груевски кога викам ало”. Исто така, ги одбројуваат последните денови од шоуто Големиот брат.
Струга, Кичево и Штип порачуваат дека е готово.
Кавадарчани реагираат на тоа што се прислушкувани повеќе од 20 илјади граѓани.
Прилеп порача: Играта е завршена, началниче!
И во скопските Карпош и Аеродром може да се забележат натписи со слична содржина.