Чоколаден колач со сок од калинки

Од:

Едноставно неодолив …

Потребно е:
150 гр чоколадо
100 гр шеќер
200 гр путер
4 јајца
1 прашок за пециво
4 лажици брашно
сок од 2 калинки

за кремот:
200 гр чоколадо
500 мл слатка павлака

Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките.

– Во еден сад изматете ги белките во густо шне.

– Жолчките изматете ги убаво со шеќерот, па  постепено додадете ги путерот, брашното, прашокот за пециво и на крај растопеното чоколадо. Потоа додадете ги изматените белки и полека изматете со дрвена лажица.

– Вака подготвената смеса сипете ја во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печеше и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу половина час (проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото).

– Печеното тесто избоцкајте го со вилушка и посипете го со сокот од калинките.

– За кремот, во сад на рингла сипете ја слатката павлака и ставете ја да се загрее. Потоа во садот додадете го чоколадото и оставете да се растопи со постојано мешање. Оставете малку да се излади.

– Кремот рамномерно нанесете го на изладеното тесто.

– Овој колач серирајте го со зрна од калинка и сладолед од ванила.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска