СДСМ: Твојот збор повеќе нема вредност Никола Груевски

Од:

Заминувањето на власта на Никола Груевски е неизбежно.

Груевски и неговите соработници не можат да се спасат од Вистината за Македонија и од одговорноста за обелоденетите злодела што и ги правеле на државата.

Правото на граѓаните да го дадат својот глас на фер и демократски избори е неприкосновено и СДСМ тие услови ќе ги овозможи во Република Македонија.

Очајот на Никола Груевски се виде во лицата на принудно донесените граѓани на коишто се читаше досада и пораката или си присутен или утре не си на работа. Се виде и преку неговиот говор со исти тези и исти реченици, со коишто неуспешно се обиде да го покрие неговото предавство.

Груевски 9 години ги предавал интересите на граѓаните на Република Македонија за лично богатење во илјадници метри квадратни, за остварување исклучиво на сопствените интереси: пари и моќ.

Ниту оваа вистина, ниту што било друго од обелоденетите докази, тој денеска не го демантираше.

За да претстави дека текот на процесите во државата од него зависи и за да си ја спаси сопствената кожа, испрати порака дека е подготвен и на продлабочување на политичката криза.

Твојот збор повеќе нема вредност Никола Груевски. Готово е, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски