Популарната пејачка Ријана ќе биде ново заштитно лице на модната куќа „Диор“.
Според најавите, Ријана ќе се појави во четвриот дел на рекламниот серијал на „Диор“, „Сикрет Гарден“, кој се снима во францускиот замок Версај.
„Диор“ соопшти дека промотивниот спот и фотографиите од серијалот ќе бидат прикажани претстојнава пролет.
Со ова Ријана станува првата црнкиња која е заштитно лице на „Диор“, Пред неа, „амбасадорки“ на оваа модна куќа беа многу други познати ѕвезди, меѓу кои и Џенифер Лоренс, Марион Котијар, Натали Портман, Мерлин Монро, Греј Кели и Шарлиз Терон.