СДСМ: Македонија е рекордер и по најскап гасовод во цела Европа

Од:

Граѓаните на Македонија плаќаат убедливо најскап природен гас, а од денес земјава е рекордер и по најскап гасовод во цела Европа.

Затоа Никола Груевски бега од вистината, затоа што таа го покажува неговото лажно и нечесно лице.

Знае ли ВМРО-ДПМНЕ во кој временски период е започнат и целосно изграден меѓудржавниот гасовод Жидилово – Скопје, во должина од 108 километри? Вистината, фактите покажуваат дека тоа е периодот од 1992 до 1997 година, за време на мандатот на владата на СДСМ.

Кои се единствените два града во Р. Македонија во коишто постои дистрибутивна гасоводна мрежа и од која политичка партија се градоначалниците што ги реализираа овие значајни проекти за граѓаните? Вистината, фактите говорат дека тоа се Струмица и Куманово, општини предводени од градоначалници од СДСМ.

Но, нелегитимната власт должи одговор пред граѓаните зошто главниот град Скопје се уште нема ниту едно домаќинство приклучено на гас?

Никола Груевски, човекот што во изминатите 9 години ја направи Република Македонија енергетски најзависна држава во ЕУ најмалку може да зборува за некакви резултати во областа на енергетиката, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ