(ВИДЕО) Жерновски: Победата е блиску, ако се обедини цела опозиција

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во синоќешната емисија „360 степени“ на Алсат“, рече дека не е изненаден од снимките од прислушуваните разговори околу притисоците и желбата власта да го добие Центар.

Укажувавме и на исклучените лифтови и на донесените гласачи од Пустец кои и по 76 беа сместени во еден стан, 3 дена се бараа изборните материјали. Дел од граѓаните веруваа кога зборувавме, дел не веруваа. Некои мислења дека е дел од кампањата, но сега сите веруваат. Сакам да упатам јасна порака, кога граѓаните се одлучни ниту една Влада не може да ги спречи или победи, рече Жерновски.

Се гледа дека Центар, посочи, е лична опсесија на Груевски. Притисоци траат до денес. Жерновски рече дека власта се обидела да го блокира со преземање на мнозинството во Советот. Настапите на Шипович, посочи, сега се сосема во ред.

Околу разговорот за кој опозицијата тврди дека е меѓу Мијалков и Латас, и во кој се слуша дека Бранко Црвенковски ќе го пушти низ вода Жерносвки во замена за Карпош, Жерновски вели:

„Бранко Црвенковски застана целосно зад мене. Не му беше лесно да ги убеди свпоте од СДСМ, дека кандидат за градоначалник ќе биде од друга партија, Доколку Бранко и СДСМ не застанеа зад мене немаше да победам“.

Жерновски укажа дека сега сме во длабока политичка криза, и ќе мораме од почеток да почнеме.

„Лично ми пречи еуфоријата во опозицијата. Мора да седнеме на маса. Мора да се најдат допирни точки. Треба да се види и кои се луѓето кои ќе треба да ја водат оваа држава, не овие луѓе кои ги гледаме. И на средбата со амбасадорот на САД, Џес Бејли разговаравме за преодна Влада. Прв чекор е независен јавен обвинител. Не е добро тој да е однадвор, но треба да има да има моониторинг од надвор за целиот процес.Јас не гледам друга можност освен преодна Влада.Граѓаните после нека кажат кој треба да ја води државата. Победата е многу блиску ако се обедини цела опозиција“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски