Викендов почнува новата сезона на Формула 1

Од:

Новата сезона на Формула 1 почнува в недела, со трката на „Алберт парк“ за Големата награда на Австралија, а денеска, во пресрет на големиот настан, се одржаа првите тренинзи.

Нико Розберг и Луис Хамилтон на тренингот беа оддалечени само 29 стотинки што покажува колку се изедначени болидите на Мерцедес. Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, поради проблеми со болидот, не ја заврши тренинг-сесијата. Себастијан Фетел, возачот на Ферари, заостана 1,5 секунда на петта позиција зад лидерот Розберг. Кими Раиконен имаше 1,8 секунда заостанување и се пласираше на осмата позиција. На третата позиција заврши Валтери Ботас од тимот на Вилијамс, а Фелипе Маса на седмата позиција со 1,5 секунда заостанување.

В сабота ќе се возат третиот тренинг и квалификациите, а трката за ГН на Австралија е закажана за недела, во 6 часот наутро по наше време.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он