(ВИДЕО) Заев поднесе кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев

Од:

Денеска до Основното јавно обвинилество во Струмица е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев.

Кривичната пријава против лицето Иво Николов е за сторени две кривични дела: за нудење поткуп на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и за лажно пријавување.
-Денеска од страна на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за кривично дело лажно пријавување и нудење на поткуп. Подолг период наназад, почнувајќи од месец ноември 2013 година па до пред некој ден, пријавениот Иван Николов има поведено повеќе постапки пред општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за легализација на бесправни објекти и слично со кои предмети имал потреба да остварува повеќе контакти и средби со било кој од вработените. Меѓутоа веќе неколку пати пред некој ден почнал да нуди надомест, помош за изградба на црквата и слично на кое нешто реакцијата на Зоран Заев била енергична да истото тоа го одбие и состави записник со вработените во присуство на сведоци, рече во денешната изјава Ване Андреев овластен адвокат на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

На новинарско прашање, зошто речиси после две години се поднесува кривична пријава, адвокатот Андреев одговори:

-Значи не е за после две години, предметите се работат, има 6 или 7 предмети, повеќето се правосилно решени, значи се води постапка, ниту претпоставувал ниту можел да претпостави дека ќе му биде нудено мито, тоа сега се случува и во моментот кога се случува веднаш се составува службена белешка и се пријавува.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев