Прегледувањето на Fаcebook и Twitter изгледа се поинтересни од сексуалните односи или пушењето цигари, според истражувањето спроведено во Германија од страна на американскиот универзитет во Чикаго.
Според оваа студија, прегледувањето на социјалните мрежи, објавувањето на фотографии или коментирање, се попривлечни од сексот или цигарите во смисла на релаксирање.
„Сигурно е потешко да им се одолее на овие медиуми, бидејќи се лесно достапни и не е тешко да се ангажираат, и кога ќе се обидеме да им одолееме”, вели авторот на студијата Вилхем Хофман објавена во The Los Angeles Times.
Лицата коишто биле опфатени со овој проект биле на возраст меѓу 18 и 85 години. Биле користени смартфони коишто ги предупредувале истражувачите за моментите кога испитаниците почувствувале потреба за консумирање на социјалните мрежи.
Учесниците во истражувањето требало да известуваат и за желбата за секс, пијалак, цигара или други потреби.
Од истражувањето произлегува дека желбата за прегледувањето на социјалните мрежи е таа на којашто најтешко може да ѝ се одолее.