Акциите на групата Исламска држава на Блискиот исток вклучително против христијани и други религиозни малцинства, се исти како и злосторства против човештвото и нивните извршители треба да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд.
Тоа го наведува Европскиот парламент во декларација.
ИД продолжува да осакатува и убива, понекогаш и на жесток начин членови на религиозни и етнички малцинства, новинари, заробени војници или луѓе од хуманитарни организации, се вели во декларацијата.
– Такви јавни непочитувања на правата на човекот се исти како и злосторствата против човештвото и воени злосторства согласно Римскиот статут и можно е да се квалификуваат како геноцид, сметаат европратениците.
Според нив, извршителите на тие дела треба да бидат изведени пред МКС.