Колач од јаболки и марципан

Од:

Ако имате јаболки и малку марципан веднаш може да го направите овој вкусен колач …

Потребно е:
за тестото:
1 1/2 чаша брашно
5 лажици ладен путер
6 лажици ладна вода

за филот:
700 гр јаболки
100 гр марципан
2 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажици Амарето
1 лажица сок од лимон

за сирупот:
2 лажици шеќер
1 лажица Амарето

Подготовка:
– Во брашното додадете го ладниот путер исецкан на коцкички. Измешајте со вилушка така да добиете ронливо тесто. Постепено додавајте вода во која претходно сте додале сол и измешајте за да се соединат состојките. Од тестото обликувајте топка, замотајте ја во пласична фолија и ставете ја во фрижидер да стои половина час.

– Извадете го тестото од фрижидер и развлечете го во облик на калапот каде ќе го печете колачот.

– Калапот намастете го убаво со путер и потоа ставете го тестото така што оставете 2-3 см од тестото да виси  надвор од калапот.

– Марципанот малку омекнете го со раце, развлечете го со големина на калапот и ставете го на тестото.

– Јаболките излупете ги и исецкајте ги на тенки кришки. Посипете ги со шеќер и ванилин шеќер и попрскајте ги со сокот од лимон и Амарето.

– Нанесете ги на марципанот. На крај со вишокот од тестото формирајте витка.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 45 минути.

– Извадете го колачот од рерна и премачкајте ги со сирупот од 2 лажици шеќер и 1 лажица Амарето.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска