Папа Франсис стравува од болна смрт

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква папа Франсис во интервју објавено во вторник призна дека би можело да биде убиен и вели дека од Господ бара да го поштеди од болна смрт, бидејќи „навистина стравува“.

-Животот е во Божјите раце. Му реков на Господ да внимава на мене. Но доколку е негова волја да умрам или нешто да ми направат, го молам само за една услуга, да не ме боли, бидејќи кога е во прашање телесната болка, навистина сум слаб – одговорил папата на прашањето за можност да биде убиен.

Во интервјуто тој потврди дека во 2016 година планира да ја посети Аргентина и дека сака да се расправа со луѓето кое не го делат неговото мислење.

-И кога не се согласувате со некого, тој секогаш може да ве доведе во ситуација во која ќе го преиспитате своето мислење. А тоа го прави човекот побогат. Тоа е начинот на кој треба да се однесуваме кон луѓето со кои не се согласуваме- нагласи папа Франсис.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше