Есма Реџепова: Срам ми е да ја сретнам министерката Јанкулоска

Од:

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска вели дека не е сигурна, дали аферата со прислушувањето е вистина или не, но ако е вистина, тогаш е згрозена од она што го чула, а посебно од делот на наводно прислушуваниот муабет на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кога таа вели дека Циганите, за уши, еден по еден ќе ги носи да гласаат, пишува „Вест“.

„Срамно е. Јас многу се срамам од таа нејзина изјава и срам ми е да ја сретнам министерката Јанкулоска. Јас сум достоинствена жена, и кога би се сретнала со неа, не знам како би реагирала, освен што место неа, јас би се засрамила. Иако, искрено, сè уште не сум сигурна дали прислушувањето е вистина или не е. Бев отсутна од земјава и не знам што се случувало. Ако се потврди дека е вистина, тогаш тоа е голем минус за министерката. Кој може некого да го фати за уши и со сила да го натера нешто да направи. Тоа не е убаво“, вели Есма.

Есма Реџепова беше член на ДА на Васил Тупурковски, па потоа советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски