Триаголници со шунка

Од:

Вкусни лиснати залачиња …

Потребно е:
300 гр лиснато тесто
1 жолчка
брашно

за филот:
2 парчиња пршута
3 парчиња шунка
2 лажици помасна слатка павлака (без шеќер)
1 главица кромид, ситно сецкан
1 лажица масло
малку свеж власец, ситно сецкан
малку рендано морско оревче

Подготовка:
– На малку масло пропржете го кромидот.

– Многу ситно исецкајте ја пршутата и шунката и измешајте ги со кромидот, павлаката и сецканиот власец. Зачинете со мелено морско оревче. Немојте да солите затоа што пршутата и шунката се доволно солени.

– Набрашнете ја работната површина и развлечете го лиснатото тесто во форма на правоаголник со димензии 20 х 40 см.

– Тестото исечете го на квадрати со страна 8 см. На нив распоредете од подготвениот фил, отприлика 1 до врв полна лажица.

– Преклопете ги квадратите за да добиете триаголници. Притиснете ги краевите за да се залепат.

– Со тенок нож тенко засечете украсни засеци, но пазете да не засечете подлабока па да ви излезе филот.

– Триаголниците премачкајте ги со разматена жолчка која сте ја разредиле со неколку капки вода.

– Вака подготвените триаголници наредете ги на тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 240 целзиусови степени 12-20 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска