(ВИДЕО) Пендаровски: Сите во општонароден фронт – за два месеци да и кажеме збогум на оваа власт

Од:

Кандидатот за претседател изборите во 2014 година, Стево Пендаровски од Универзалната сала рече дека крајот на режимот доаѓа.

-Порано знаевме дека непријателите се надвор од нашите граници. Македонија никогаш не била соочена со поголем предизвик. Ако порано мислевме дека непријатели се надвор, денеска е сосема јасно дека најголемите непријател на Македонија е во Владата во Скопје. Режимот прислушувал се што не мисли како нив, и затоа единствениот начин е да се спротивставиме сите граѓани без разлика на вера, нација во општонароден фронт.

Не толку одамна Македонија беше лидер во регионот, увезувавме европски вредности, денеска сме на опашката на Европа. Сите не поминаа, нема држава која не е подобра од нас. Ние не стоиме во место, ние се враќаме назад во раните години на независноста. Безбедносниот систем е растурен, сите витални функции се контролирани од двајца тројца, не од целата партија. Ние сме понижувани од оваа врхушка која ја држи киднапирана целата држава и народ. Наспроти себе имаме прилично добро организиран режим, затоа треба да му се спротивстави демократски организирана структура. Никој да нема илузии што сме собрани во толкав број, ние треба цел фронт да направиме и за два месеци да му кажеме збогум на овој режим. Тој упати порака-не е време за делби, мора да сме сплотени како никогаш досега.

-Мојот апел е заеднички сплотени до конечната цел-европска и слободна Македонија. Режимот е на колена, но не е победен, наша задача е тоа да го направиме, и ќе го направиме, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара