Квалитетот на воздухот ќе го мери МЖСПП, а не УХМР

Од:

Мерењето на квалитетот на воздухот да премине во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидуваат најновите измени на Законот за хидрометеоролошка дејност кои денеска го поминаа првото читање пред собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Досега мерењето на квалитетот на воздухот беше под ингеренција на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Ваквото решение е логично зашто со него најпрво се разграничуваат надлежностите на институциите, а потоа и УХМР се растоварува од обврска повеќе. Тоа ќе и овозможи уште поквалитетна работа особено ако се земе предвид дека е задолжена за мерење на температурите, врнежите, снежната покривка, нивоата на подземните води, водотеците,… во услови кога Македонија се повеќе ги чувствува влијанијата од климатските промени и тие се се поизразени, посочи пратеникот Љупо Димовски од Социјалистичка партија.

Комисијата денеска ги разгледа и измените на Законот за шуми во второ читање.

На дневен ред беа и Предлог-законот за водостопанство, како и предлог-дополнувањата на Законот за земјоделски задруги, двата во прво читање, но по овие точки ќе се расправа на продолжението на седницата што ќе биде дополнително закажано.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС