Три општини и Клиниката за радиологија добија грант од 260 илјади евра од Јапонија

Од:

ри општини и една универзитетска клиника од Скопје денеска добија грант средства од Владата на Јапонија за реализација на проекти во вкупна вредност од околу 260 евра.

Станува збор за општините Центар Жупа, Велес и Демир Хисар и Универзитетската клиника за радиологија во Скопје.

За потребите на општината Центар Жупа ќе биде набавено амбулантно возило и возило за домашна посета во вредност од 54.710 евра, додека општината Демир Хисар средствата во висина од 75.885 евра ќе ги искористи за набавка на ново противпожарно возило. Во општина Велес ќе бидат набавени две котли за греење и обновени 20 тоалети за околу 800 ученика од три училишта кои учат во една училишна зграда. Универзитетската клиника за радиологија пак ќе обезбеди еден ултразвук апарат и апарат за анестезија во вредност од 75.519 евра.

Средствата се обезбедени преку Грант програмата на јапонската Влада за мали проекти која за првпат почна да се спроведува во 1989 година.

– Владата на Јапонија смета дека овие мали проекти се од големо значење за развојот на малите организации и заедници на локално ниво. Иако се мали, сепак тие се значајни за зголемување на човековата безбедност. Се надеваме дека со овие проекти ќе придонесеме барем малку за еден свет во кој сите ќе живеат во мир и просперитет, истакна на денешното потпишување на договорите Митсунори Огасавара од Јапонската амбасада во Виена, задолжен за Македонија.

Во Македонија оваа програма почна да се применува од 1996 година и оттогаш во земјата се реализирани низа проекти од значење за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски