(ВИДЕО) Ивановски: Оваа власт ќе понесе одговорност

Од:

Пратеникот од СДСМ и координатор на пратеничката група Игор Ивановски образложувајќи го барањето за доверба на владата, рече дека и по само една година од последните избори Владата се наоѓа во криза која, како што рече, е креирана и спроведена од внатре, а која се прелеала во сите институции во општеството.  Според него, оваа Влада е во основа легална и во суштина со контроверзен легитимитет, оти е резултат на опасни пазарења, уцени и финансиско одржување на коалициските партнери.

Претставниците на тендерско – криминалната коалиција ги злоупотребуваат граѓаните и институциите само за да останат на власт, тврди Игор Ивановски од СДСМ.

Според него, најголемите порази се доживеаја на економски план, бидејќи како што рече, македонската економија се наоѓа во рецесија, БДП е со негативен раст,  странски инвестиции нема, домашното стопанство е исцедено, а Владата не го враќа ДДВ, додека невработеноста е над 32 проценти, а паѓа и животниот стандард. Наспроти ова, вели, Владата се луксузира со споменици, автомобили и кабинети. Обвини дека само во последната година државата е задолжена за 1,250 милијарда евра.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека интерпелацијата е лична одлука на Бранко Црвенковски, блеф чија единствена цел е да се храбри членството, да се внесе хаос во државата и да се продуцираат меѓуетнички тензии.

„Се плашите од брзи предвремени избори. Мислите дека уставните механизми ќе ве заштитат од брзи предвремени избори, рече Димовски, според кого, изборот на говорници на денешната седница јасно говори дека ќе има дебата со манипулации, навреди, омаловажување и лични дисквалификации.

Во врска со обвинувањата дека коалицијата на власт е тендерска, Димовски рече дека да било така тогаш немало да има проблеми меѓу коалиционите партнери и ќе си молчеле за проблемите, а немало да дискутирале за нив.

„За разлика од вас, ние не сакаме власт по секоја цена. Сакаме принципиелно владење, а вие сте тие кои за власт би направиле се. Враќање на власт со лажни манипулации нема да се случи.  Ќе се вратите на власт само ако се реформирате и само ако македонскиот народ ви даде поддршка, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште