ВИДЕО: Хаџиристески: Ако е сето точно – грозно е!

Од:

Aко снимките се точни, тогаш е грозно. Jас со ништо не заслужив еден таков разговор, изјави за Дојче веле, Харалампие Хаџиристески поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Вчера СДСМ објави снимка за која рекоа дека е меѓу шефот на Кабинет на премиерот Мартин Протуѓер и министерот Миле Јанакиески, на која посочуваат дека Протуѓер вели:

„Ако не објават до понеделник, кажи му дека тој, жената, децата, сите во ендек ќе ги најдат… Мајката да им ја е..м јас нивна комунистичка, педерска… Ај чao.”

„Многу непријатно е да слушнете такво нешто. Дури и не ми се верува дека политичари може така да разговараат. Ако сето тоа е точно, тогаш е грозно. Спортот треба да биде настрана од политиката. Јас со ништо не заслужив еден таков разговор. Бев коректен и со сите свои постапки се трудев да ја задржам автономијата на фудбалот далеку од влијанието на политиката. Но, изгледа, не можело така“, вели за Дојче веле, Хаџиристески.

На снимката што ја објави Зеве се работи за фудбалскиот натпревар Македонија – Ирска, кој се одигра на 4. јуни 2011 година, ден на изборниот молк, само еден ден пред парламентарните избори.

Тој претпоставува дека станува збор за очекувани гратис-билети за натпреварот, какви што ФФМ редовно испраќала до парламентот и други институции, до амбасади, поранешни фудбалери и спортски работници, објавува Дојче веле.

Хаџиристески вели дека не добил некаква закана во тој период, но од функцијата се повлекол една година по натпреварот, „од здравствени причини”.

Еве транскрипт од, како што вели Заев, разговор на Миле Јанакиески со Мартин Протоѓер

МЈ: Ало?

МП: Ало?

МЈ: Молам

МП: Овој мајмунов од Фудбалска федерација намерно не пушта карти за утакмицава, за да не се напуни стадионов.

МЈ: Му кажав на тој шо му е чоеко, денес за тоа праев муабет..ако не објават до понеделник…

МП: Ако не објават до понеделник, кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат…Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка нивна..педерска…

МЈ: Ај чао..

МП:Ај…

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов