Директорот на МЗТ Скопје, Видое Секуловски денеска изјави дека македонскиот шампион би го поддржал Петар Наумоски доколку легендата на македонската кошарка се кандидира за претседателското место на Македонската кошаркарска федерација.
– Апсолутно би го поддржале Петар Наумоски доколку тој реши да се кандидира за прв човек на МКФ. Тој е човек со реноме зад кого би застанале. Се уште не се знае конкретно кои луѓе би биле кандидати за претседател, но тоа сигурно нема да бидат политичари, туку или бизнисмени или спортски работници, истакна Секуловски.
Изјавата доаѓа еден ден по иницијативата на клубот Карпош Соколи за смена на претседателот на МКФ, Даниел Димевски.