Ванила колачиња

Од:

Овие убави колачиња едноставно се топат во уста …

Потребно е:
125 гр путер
50 гр шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
50 гр готов пудинг од ванила
125 гр брашно

Подготовка:
– Од наведените состојки замесете тесто, замотајте го во фолија и стваете го 30 минути во фрижидер да се одмори.

– Тестото извадете го од фрижидер и повторно уште малку месете го. Потоа обликувајте го како ролат.

– Ролатот од тесто сечете го на мали парчиња и обликувајте мали топчиња да бидат малку поголеми од лешник.

– Топчињата тесто наредете ги во тава обложена со хартија за печење и со вилушка притиснете ги на средината, така што на секоја да остане отисок од вилушката (како на сликата). Меѓу колачињата оставете место затоа што ќе нараснат додека се печат.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна од 5-8 минути. Овие мали колачиња треба да останат бели и кога ќе бидат печени.

cokokeksi

– Ако пудингот од ванила се замени со чоколаден пудинг ќе добиете чоколадни кекси.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска