ВИДЕО: Еве ги човечињата фатени за рака и со патент на уста

Од:

На снимката од телефонскиот разговор за кој лидерот на СДСМ посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер како се исмејуваат со гласачите од Пустец, се зборува дека гласањето во Центар е циркус Медрано и лудница. Во разговорот и се вели- човечињава за рака се држат, гласаат и патент на уста.

А1он го објави тоа видео кога се гласаше во Центар и кога двајца жители на Пустец се држеа за рака од гласачкото место до автомобилот кој ги разнесуваше по Скопје, односно од становите каде беа по 40 до 50 до избирачкото место и назад.

Дел од транскрипт:

ГЈ: Абе, луѓево, човечињава си гласаат. Ова е сé споредно шо ти кажувам. Сите будалетинки се пуштени таму на интервенција.
МП: Многу јако.
ГЈ: А, знаеш провокации, што ти не, ама битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста.
МП: хахахаха
ГЈ: Па ги снимале за рака кај што одат, па ги објавиле на Либертас или на незнам кој. Циркус е, циркус е, мислам, лудница. Ние, сега ќе организирам, у седум искачаме и викаме беше фер, демократски, мирно, нема пријави, освен овие за Струга ќе оставиме простор.
МП: Да, да, да, за Струга остави простор. Важи.
ГЈ: Другово, прогласуваме победа.
МП: Да, да, да, топ, топ, топ.
ГЈ: Ајде, чао.
МП: Чао.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“