ФОТО: Амбасадорот Белели во Куманово донираше книги за изучување на италијанскиот јазик

Од:

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Белели денеска во Куманово додели околу 300 книги за учениците и наставниот кадар кои го изучуваат италијанскиот јазик.

По посетата на Куманово, амбасадорот Белели информираше дека го поканил градоначалникот Зоран Дамјановски да го посети Експо 2015 во Милано, бидејќи на тој начин општината ќе може да ја искористи можноста за проширување на можностите за развој на градот.

11051268_10206157350878674_1521911986_n

– Дискутиравме за можностите за користење на европски фондови како што е образовната програма „Еразмо плус“ со цел размената на студенти, рече Белели.
Посочи дека во Куманово веќе функционираат италијански компании и дека е добро работниците да го знаат италијанскиот јазик, а нагласи и дека Македонците се квалификувани и одлични работници.

11042138_10206157350758671_722183711_n

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски информираше дека го запознал амбасадорот со специфичностите на општината и за тоа дека
во добар дел од училиштата се изучува италијанскиот јазик.

11026655_10206157350798672_48901033_n

Дамјановски и Белели разговарале за соработката на кумановската гимназија со италијанско средно училиште, за постоењето комбинат во чевларската индустрија во поранешната фабрика „Чик“ и за можностите за соработка со други региони во Италија.

11042647_10206157350998677_924093102_n

11005901_10206157350838673_354065654_n

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена