Во 14 и 30 Заев ја објавува седмата бомба

Од:

Денеска, во 14 и 30 часот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција ќе ја објави 7-тата бомба.

Опозицијата досега објави дека во Македонија се прислушувани 20.000 граѓани, меѓу нив и најблиските соработници на Груевски, лидери и министри на ДУИ, лидерот на ДПА, потоа раководството на СДСМ, Бошкоски, Жерновски, Петковски, новинари, судии, обвинители, МПЦ, ИВЗ, МАНУ.

Заев на прес конференциите пушти аудио снимки, за кој вели дека луѓе од власта и медиуми договарале пресуди, избори на судии и обвинители, каква била спрегата меѓу власта и дел од медиумите, како се апсел Љубе Бошкоски, како се нарачувало и договарало уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, како се договарале и што мислат министрите за трошењето на буџетските пари.

Како што беше досега објавено, стотина новинари исто така беа следени.

Тие најавија дека правдата ќе ја тераат до крај и побараа оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов