Превкусни, меки, декоративни и со неодолив вкус на лимон …
Потребно е:
150 гр омекнат путер
150 гр шеќер
сок од 1 лимон (за кремот)
изрендана кора од 1 лимон (за тестото)
2 јајца
150 мл млеко
прстофат сол
200 гр брашно
2 лажичиња прашок за пециво
за кремот:
250 гр маскарпоне сирење
50 гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер
за посипување:
1 лажица кокос
Подготовка:
– Прво подгответе го калапот за мафини, или намастете го и посипете со брашно или пак користете хартиени корпички за мафини. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
– Во еден сад ставете ги омекнатиот путер, шеќерот и изренданата кора од лимон и со миксер убаво изматете ги.
– Потоа додадете ги јајцата, млекото, солта и на крај брашното помешано со прашокот за пециво. Со оваа смеса наполнете го калапот за мафини (ќе добиете 12 мафини).
– Ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 20 минути (проверете дали се готови со чепкалка за заби).
– Додека се печат мафините направете го кремот. Во еден сад ставете ги маскарпоне сирењето, шеќерот во праи и ванилиниот шеќер и изматете ги убаво со миксер. Додадете сок од 1 лимон и измешајте. Со оваа смеса наполнете готварски шприц и украсете ги мафините.
– Во сува тава на рингла ставете 1 лажица кокос и малку тостирајте го. Одозгора мафините посипете ги со препечениот кокос.