Барак Обама на листата на „Тајмс“ на највлијателни личности на интернет

Од:

Претседателот на САД Барак Обама е меѓу 30-те највлијателни личности на интернет, според листата на магазинот „Тајмс“, пренесува ТАСС.

На листата се наоѓаат уште неколку претседатели, како и ѕвезди од шоу бизнисот.

„Тајмс“ наведува дека меѓу државните лидери Обама има најмногу лајкови на „Фејсбук“ и најмногу следбеници на „Твитер“. Меѓу другите највлијателни на интернет државни лидери се претседателката на Аргентина Кристина Кирхнер и премиерот на Индија Нарендра Моди.

На листата на „Тајмс“ се наоѓа и рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Меѓу претставниците на шоу бизнисот се Тејлор Свифт, Шакира, Џастин Бибер и Бијонсе, Гвинет Палтроу и Ким Кардашијан.

Меѓу 30-те највлијателни личности на интернет се наоѓа и британската писателка Џоан Роулинг, автор на серијалот „Хари Потер“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас