Крцкави чоколадни колачиња

Од:

Преубави мали чоколадни колачиња …

Потребно е:
за темните колачиња:
100 гр
 светол ливадски мед
50 гр шеќер
100 гр темно чоколадо
100 гр маргарин
50 гр ситно сецкани ореви (или бадеми)
1/2 лажиче ванилин шеќер
100 гр корнфлекс

за светлите колачиња:
75 гр
 светол ливадски мед
100 гр бело чоколадо
100 гр маргарин
1 ванилин шеќер
100 гр ситно сецкани ореви (или бадеми)
75-100 гр корнфлекс

Подготовка:
– Во сад на рингла растопете ги шеќерот и медот и додадете ги чоколадото и маргаринот, сецканите ореви (или бадеми).

– Оставете ја смесата малку да се излади и додадете го корнфлексот. Полека но убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Со помош на две мали лажичиња полнете ги хартиените корпички. Оставете ги колачињата убаво да се изладат.

– Ќе добиете вкупно 35 темни мали колачиња и неколку помалку светли.

– Чувајте ги на ладно место, но не во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска