Национална географија
Наспроти тоа што му е дијагностицирана Лу Геригова болест, славниот научник ги победи сите прогнози и живее долго со децении.
Еден пролетен ден, 20 април 2009 година, дојде момент кога лекарите предвиделе уште некоја деценија: Стивен Хокинг бил на раб на смртта.
Универзитетот во Кембриџ изнел многу лоши прогнози. Хокинг, на кого му било дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС) во 21 година, опишан е како многу болен.
Весниците објавиле речиси посмртни текстови.
Се чинело дека истекло времето за човек кој толку елоквентно го објаснил. Меѓутоа, како и секој пат претходно кога е предвиден трагичен крај, Хокинг преживеал.
Ако ја земете предвид неговата состојба, тој не треба да биде во состојба да го прави тоа што го прави. Тој 73 годишен човек не треба да биде во состојба да води дебати за постоење на Господ. Тој не треба да биде во состојба да се вознемирува околу вештачката интелигенција или можностите на човековото самоуништување. И сигурно не треба да биде во состојба да присуствува на доделба на наградата на Британската академија сместен во својата количка која го возела со децении, изразувајќи го своето воодушевување на неодамнешниот биографски филм со кој е оддадена почест на неговата борба. Сепак, тој навистина тоа е и тој тоа го прави.
Тешко е доволно да се потенцира колку е смртоносна АЛС или Лу Геригова болест, со која Хокинг се бори. Болеста може да го погоди било кого. Прво доаѓа до слабеење на мускулите, потоа до нивно атрофирање и парализа, што доведува до неможност за говор, голтање, па дури и дишење. АЛС Асоцијацијата наведува дека просечниот животен век на човек на кого му е дијагностицирана болеста изнесува од две до пет години. Над 50 отсто заболени живеат уште три години. Дваесет отсто живеат уште пет години по дијагнозата. Понатаму, броевите паѓаат се пониско и пониско, а помалку од 5 отсто случаи живеат уште две децении.
На крај, тука е Хокинг, најпознат човек болен од Лу Геригова болест. Сега е 2015 година. Неговата способност за преживување е толку величествена што експертите наведуваат дека не е можно да боледува од Лу Геригова болест, со оглед на леснотијата со која болеста обично ги зима своите жртви. Други едноставно наведуваат дека никогаш не виделе никој како Хокинг.
– Тој е исклучителен. Не познавам никој кој толку долго поживеал со таа болест. Она што е необично не е само временскиот период, туку и дека болеста изгледа изгубила набој. Делува релативно стабилно, а таков вид на стабилизација е екстремно редок – рече Најџел Леј професор на клиничката неврологија на Кралскиот колеџ во Лондон.
Но, што е тоа што Хокинг го прави поинаков од другите? Само среќа? Дали можеби трансцедентната природа на неговиот интелект некако го одлижила она што се чинело сигурна судбина? Никој не е сигурен. Дури и самиот Хокинг, кој може да ја изложи механиката која управува со универзумот, е внимателен кога е во прашање достигнувањето кое може да се спореди само со неговите академски достигнувања. – Можеби мојот вид на АЛС е резултат на лоша апсорпција на витамини – рече Хокинг.
Хокинговата битка со Лу Геринговата болест била поинаква од самиот почеток. Таа разлика е она што научниците го сметаат за делумно објаснување на неговиот чудесен живот. АЛС нормално се јавува подоцна во животот, просечната старост на дијагнозата е 55 години, но кај Хокинг сипмтомите се материјализирале кога бил многу млад. Се почнало со сопнување.
– Во трета година на Оксфорд забележав дека станувам многу трапав и паднав еднаш или два пати без никаква очигледна причина – напиша еднаш Хокинг и додаде: – Меѓутоа, дури на Кембриџ мојот татко го забележа тоа и ме однесе кај семејниот лекар. Тој ме упати на специјалист и набрзо по мојот 21 роденден отидов во болница на тестирање… Беше голем шок за мене кога открив дека имам моторна невронска болест, што е име за група прогресивни невролошки пореметувања кои ја вклучуваат АЛС.
Иако раната дијагноза го осудила на живот во болест, таа исто така му пружила шанса да го преживее пореметувањето подолго од тие на кои им е дијагностицирана многу подоцна. – Откривме дека преживувањето кај помладите пациенти е почесто и се мери со поголемиот број на години; во некои случаи и повеќе од 10. Целосно е поинаку ако сте млад, а чудно е што никој не знае зошто – наведе Леј.
Лео Меклакси од Универзитетот во Пенсилванија вели дека АЛС главно убива на два различни начини. Еден се однесува на мускулите кои го овозможуваат дишењето. – Така вообичаен начин на кој луѓето умираат е неможност на дишење – вели Меклакси. Друг начин е прекин на работата на мускулот за голтање што може да резултира со дехидрација и неухранетост. – Ако ги немата овие две работи, може да живеете долго – заклучува Меклакси.
Хокинг наведува дека работата, низ призма на неговата болест, му овозможила години кои не биле достапни на другите. Некој кој се бави со други занимања, како Лу Гериг, американски бејзбол играч кој заболел во своите 30-ти години, не може да функционира на толку високо ниво. – Сигурно помогнало тоа што имам работа и што имам некој кој се грижи за мене толку добро. Среќен сум што работам во полето на теориската физика, што е едно од ретките полиња каде инвалидитетот не е сериозен хендикеп – рече Хокинг.
Ако ништо одруго, Хокинг претставува совршен пример како АЛС може да влијае на своите жртви на целосно различни начини. Тоа воедно довело до еден од највпечатливите контрасти во популарната наука. Од една страна имате атрофирано тело на Стивен Хокинг, со истурена вилица и пропаднати рамена, а од друга страна го имате брилијантниот ум на Хокинг.