Словенчкиот кошаркар Александар Чапин е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Како што информираше клубот, Чапин денеска ќе го има првиот тренинг со својот нов клуб.
Тренерот Алеш Пипан уште при пристигнувањето во Скопје најави дека ќе бара засилување за бековските позиции и МЗТ токму тоа и го добва во искусниот Александар Чапин.
32-годишниот Словенец во кариерата настапувал за бројни клубови во Европа меѓу кои Крка, Телеком Бон, Локомотив Кубан, Жалгирис, Унион Олимпија, Раднички Крагујевац Будуќност Подгорица, а последна негова дестинација беше Италија и клубот Јуве Касерта.
Во сезоната 2012/13, како член на Раднички Крагујевац, Чапин беше избран за МВП во сезоната во АБА лигата, како потврда за неговиот квалитет.