Атхаусер: Неопходна е сеопфатна и независна истрага

Од:

Амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаусер денеска не сакаше да ги коментира настаните поврзани со наводното прислушување, како и информациите дека со него се опфатени неколкумина амбасадори. Смета дека треба да има сеопфатна и независна истрага.

 Немам коментар за тоа. Тоа се многу сериозни обвинувања и мора да има многу транспаретна, сеопфатна и независна истрага. Ако Виенската конвенција за дипломатска односи е нарушена тоа е тежок прекршок. Немам што повеќе да кажам во моментов, изјави Атхаусер, која присуствуваше на почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на СЕП.

Германската амбасадорка, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека СДСМ до амбасадата не доставила прислушувани телефонски телефонски разговори, како што најави нивниот лидер Зоран Заев.

За расправата во Бундестагот за случувањата во Македонија најавена за денеска, Атхаусер вели дека тоа не е нешто невообичаено.

– Знаете дека делегација на Бундестагот беше во Македонија пред две – три недела. Ова беше долго планирана посета на Македонија, и исто така во Србија. И нормално е потоа да има дискусија во Буденстагот на Комитетот за надворешни односи, изјави Алтхаусер.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов