Ако го сакате вкусот на чоколадото, ако обожувате чоколаден пудинг и шлаг, тогаш овој колач е идеален за вас …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
100 гр путер
100 гр чоколадо за готвење
60 гр брашно
40 гр какао
1 лажиче прашок за пециво
4 јајца
150 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
за кремот:
1 кесичка пудинг од чоколадо
50 гр шеќер
500 мл млеко
150 мл слатка павлака
за украсување:
50 гр чоколадни трошки (зрнца)
Подготовка:
на бисквитното тесто:
– Во сад на рингла ставете го путерот да се растопи, а потоа додадете го чоколадото искршенои на парчиња. Мешајте додека не се растопи чоколадото.
– Брашното помешајте го со какаото и прашокот за пециво.
– Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер убаво изматете ги со миксер додека не добиете густа, пенеста смеса. Додадете го стопеното чоколадо и изматете уште малку. Потоа полека додадете ја смесата со брашно и какао.
– Добиената смеса сипете ја во тава за печење која претходно убаво сте ја намачкале со путер и посипале со малку брашно. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути. Оставете го да се излади.
на кремот:
– Пудингот подгответе го според упатството на кесичката и оставете го да се излади.
– Слатката павлака изматете ја со миксер во густ шлаг и полека измешајте ја во изладениот пудинг. Оваа смеса премачкајте ја над изладеното тесто.
– На крај посипете со чоколадни трошки и ставете го во фрижидер за да се стегне 2-3 часа пред да го послужите.