Повеќе од илјада таксисти го блокираа денеска центарот на Брисел во знак на протест поради владиниот план да дозволи нарачување возила преку апликацијата Убер, која значително го поевтинува овој вид услуга.
Во голем дел на белгиската престолнина и до седиштето на Европската унија претпладнево беше невозможно да се пристапи со автомобили, а во некои квартови протестот продолжи и откако претставниците на такси здружението беа примени од регионалниот министер за транспорт Паскал Смет.
Апликацијата Убер им овозможува на сопствениците на мобилни телефони преку неа да нарачаат превоз, чија цена, пак чини три пати помалку отколку регуларното такси, поради што во некои европски градови таа е забранета.