ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поднесе целосно неосновани тужби

Од:

СДСМ поднесе целосно неосновани тужби без никаква правна аргументација, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ, по денеска поднесените три кривични пријави до Јавното обвинителство од страна на СДСМ.

– Денешната постапка на СДСМ е штур и површен пристап за дефокусирање на јавноста од законските процедури против Зоран Заев. Овој чекор на СДСМ  нема никаква правна логика и аргументација. Ако СДСМ и Зоран Заев мислат дека на ваков начин ќе се извлечат, дека ќе се амнестираат себе и соработниците од нелегалните и незакоски дејствија, со кои самите се втурнаа во кал, а се обидуваат да ја втурнат и државата, треба да знаат дека се лажат, се посочува во реакцијата.

За овој случај, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ, на Заев не му требаат адвокати со силни роднински врски во обвинителството и судството, доволно е, се подвлекува, да консултира студент  од прва година на правниот факултет и веднаш ќе му објасни дека неговите тужби се неосновани, а делото кое го прави е казниво по законите во Република Македонија.

По признанието на Зоран Заев за блискоста и соработката  која што ја имал со Зоран Верушевски и неговата фамилија, по неговото признание дека постоеле шифрирани пораки и по признанието на останатите учесници во целата афера, се подвлекува во реакцијата, очигледно на СДСМ, како и на целата јавност им станува совршено јасно за сценариото кое што е готвено од страна на Заев, неговите соработници и странски центри.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски