Престедателката на Либерија Елен Џонсон Сирлиф денеска апелираше да се подготви меѓународен план за помош за обнова на земјоделството во Западна Африка откако епидемијата на ебола биде ставена под контрола.
Таа на регионалните лидери и делегатите на големата меѓународна конференција за ебола во Брисел истакна дека обновата на економиите уништени од епидемијата на ебола е долгорочна и скапа задача.
– Најважен долгорочем одговор на еболата се темели на плановите и стратегиите за економско заздравување. Тоа ќе бара големи ресурси, а можеби и Маршалов план, посочи Сирлиф.