Опозициската СДСМ денеска до основното јавно обвинителство поднесе 3 кривични пријави, против Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, но и против градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
„Кривичните пријави се поднесени за различни кривични дела кои прозилегуваат од содржината на досега објавените разговори“.
„Настаните што се опфатени со кривичните пријави се:
Прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски
Незаконско уривање на обејектот Космос
Договарање бркање од работа на политички неистомисленици по парламентарните избори во 2011-та година“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.