Форум на слободоумни патриоти: Нашата ВМРО да не се крие зад колективна одговорност

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти очекува и бара нашата ВМРО-ДПМНЕ да ја преброди оваа тешка политичка и државна криза и на наредните паралементарни избори да победи. Форумот очекува од ВМРО-ДПМНЕ од оваа тешка криза да излезе консолидиран, прочистен и со победнички дух. Но, за да се дојде до оваа победничка позиција потребно е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да покаже висок морал и лидерски капацитет и да овозможи одговорност за сите извршителите на прекршувањата на Уставот и законите и масовните повреди на човековите слободи и права како и да ги обезбеди сите услови за правно и политичко расчистување на кризата.

Доколку нашето ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да излезе како победник од кризата најмалку е потребно раководството и органите на партијата да се кријат зад застарените и прегазени од историјата концепти на колективна одговорност. Ваквите приоди се опасни по судбината на Република Македонија. Тие во заложништво ја ставаат целата држава себично наведувајќи ја кон се потежок граѓанско-партиски конфликт кој лесно може да прерасне во најстрашното. Каква е таа „борба“ која Македонецот треба да ја води со Македонецот во ситуација кога немаме ни елементарен меѓупартиски разговор и политички дијалог. Токму вакви опасно заканувачки пораки несмасно се искажани во последното соопштение на Централниот комитет.

Форумот на слободоумни патриоти го повикува членството да ги покрене сите статутарни и политички механизми за расчистување на одговорноста во своите внатрешни редови и да не дозволи целата партија да биде доведена во прашање поради поединечни грешки.

Форумот на слободоумни патриоти ја повикува Европската унија да испрати на помош судии и јавни обвинители кои ќе помогнат во оваа кризна ситуација правосудството да работи независно од било какви влијанија, професионално, непристрасно и достоинствено. Форумот ја повикува ЕУ да испрати и други професионални лица кои ќе помогнат во изготвувањето на предложениот пакет закони преложени од страна на Форумот кој ќе гарантира дека вакви политички и државни кризи никогаш повеќе нема да се повторат“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ