Воздушни напади врз нафтени пристаништни терминали во Либија

Од:

Авион-ловец, кој им припаѓа на силите под чија контрола е либискиот главен град Триполи, извршил воздушен напад врз нафтените пристанишни терминали Рас Лануф и Сидра во Либија, на брегот на Средоземно Море.

При нападите предизвикана е мала материјална штета, а мета биле цивилниот аеродром во Рас Лануф и нафтени резервоари во Сидра.

Триполи е под контрола на исламистите од групата „Либиска зора“.

По соборувањето на режимот на Муамер Гадафи пред три години, половина од територијата на Либија е во заложништво на непријателски милиции. Во земјата има два парламента и две влади. Оние кои се меѓународно признати се наоѓаат во градот Тобрук. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски