ЕК: Испораката на руски гас за Европа е гарантирана

Од:

Европската комисија по вчерашната средба во Брисел меѓу неа, Русија и Украина, смета дека испораките на гас за земјите од ЕУ се безбедни.

– Не сум загрижен, бидејќи снабдувањето со гас за пазарите на ЕУ останува безбедно, изјави синоќа потпретседателот на ЕК одговорен за енергетика Марош Шевчович по разговорите во Брисел.

Украина е најважната транзитна земја за рускиот гас на неговиот пат кон Запад. Преговарачите, исто така, гарантирале дека т.н. „зимски пакет“ на испораките за Украина во текот на зимските месеци ќе биде целосно доставен.

Според високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини вчерашните преговори во Брисел ќе помогнат за приближување на позициите на Москва и Киев за испораката на гас.

– Овие напори се дел од конкретната поддршка на ЕУ за спроведување на договорите од Минск, нагласи Могерини.

Во заедничкото соопштение на Шевчович и Могерини се наведува дека компаниите „Газпром“ и „Нафтогаз“ дале гаранции за сигурен транзит на синото гориво кон Европа.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ