Граѓаните реагираат повторно на цензурата на јавниот сервис МРТ. Ниту денеска јавниот сервис не соопшти детали од објавените снимки на опозицијата, туку штуро само најави дека се пуштале некакви телефонски разговори.
Но повторно, се презентираат опширни текстови со соговорници кои ја оправдуваат акцијата „Пуч“ во одбрана на власта од таканаречените „антимакедонски центри“.
За разлика од МРТ, српската државна телевизија извести за содржината на разговорите кои беа презентирани на прес-конференцијата на опозицијата, како да е јавен сервис во Македонија.
Ќе излезе ли повторно МРТ со соопштение дека нема цензура?