Слушнете зошто Никола Груевски и Сашо Мијалков имале потреба да ги сослушуваат своите сработници, зошто Јанкулоска и Ставрески се едни од најприслушуваните.
Среде ноќ издавал директиви преку ноќ за незаконско подигнување милионски кредити од странство за споменици, кога биле доведени во прашање платите на администрацијата. Ова се признанија од Ставрески и Јанкулоска кои ќе потврдат за хаосот во буџетот, за апсудрните трошења на парите. Сето се правело по налог на еден човек-Никола Груевски.
Ребаланс на буџетот 2012 и проекции за буџетот за 2013 година. Приходите се катастрофа, Ставрески констатира дека е трагедија што се даваат пари за споменици, а Јанкулоска дека полицијата спие на железни кревети, рече Заев на прес конференцијата.
Девет милиони дваесет ќе платам , приходиве се катастрофа, Горан е трчи лажи целиот.
Јас ептем ако немам голема мака нема да ти вртам.
Луѓево како да се идиоти, нон стоп предмети со фискални апликации. на дрво да ги берев париве, немаше да успеам. не иде вака, се повеќе и повеќе должиме.
Само се прават мегаломански работи..
Тој е едно од најголемите копилиња.
Ние имаме скратено околу 16 проценти, значи треба уште толку да скратиме. има ушште една друга работа, со вакво кратење ние на комунални услуги сме на нула веќе. реално ниту струја може да плаќаме, ниту телефон, подобро плативе да ги скратиме.
Па ајде, не знам што да правиме, јас не сум магионичар.
Горде, тоа на влада треба да се дискутира, не со мене
Не може да не се скрати, буџетот нема пари.
ЕВН секој ден ни се заканува дека ќе ни скрати струја.
Избркајте некого.
Или тоа, или да се скратат пари.
Не се оди со глава во ѕид, некасе скрати плата или луѓе, што ќе работи полиција ако нема пари за бензин, ќе седи во канцеларија без струја? да имам можност јас ќе кажам, ама не сум имала.
Ама не си ни пробала.
Еве сега ќе се јавам и ќе побарам средба.
Никој не може да се соочи со реалноста во оваа држава.
Здравство распишува тендер за кампања за спотови, култура за спот, јас немам акви трошоци.
Веќе не знам, дувам приходи вештачки за да вклопам некако, и пак ќе биде зошто за ѕвездената прашина нема пари.
Ние како цигани, скрати овде скрати онде, циганска работа, а оваму со злато ги окоричуваме книгиве.
Сега сто слики нарачал, за Архелошкот музеј, кажи ми дали сум јас ненормален или што?
Луѓево скокаат од радост зошто имале прозор, а спијат на железни кревети со ќебиња на кои пишува ЈНА.
Знаеш колкав е планот, 300-400 милиони евра. Ова е ситна работа што ти кажувам, и ќе завршан сама.
Денес се расправам со Центар, сега пред малку ми се јави Орав, што да ти кажам.
Големи глупости правиме, и сега демек не го изгубивме ние, ќе го растуриме, ќе види после некое време дека е погрешно.
Се тепаа пред општина со полицијава, и за среќа реагираше полицијава и му викам нее така реагираше полицијата. Ми се јавија од Брисел и ми рекоа ова што го прави ВМРО го нема никаде.