„Либералната Партија со внимание го проучи ставот на претседателот на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ), г. Владо Камбовски во врска со објавените разговори од тековната афера „прислушување“.
Секако, и Либералната Партија и јавноста воопшто, очекуваа(т) став на МАНУ како уникатна институција на интелектуалната и научната елита во земјата.
Либералната Партија еднакво како и претседателот на МАНУ, посакува Македонија да е правна држава и да можеше доказите од аферата да се процесуираат низ институциите на системот, согласно Уставот и законите. Но,веќе од досега објавената содржина на разговорите на државните функционери, јасно е дека институциите на системот ниту одлучуваат, ниту постапуваат согласно Уставот и законите. Напротив, тие се компромитирани и инструментализирани од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а Македонија не е држава во која владее правото.
Оттука, изнесениот став на претседателот на МАНУ е недоволен и, во најмала рака, е оддалечување од темата.Поблиската историја, на пример, потсетува дека за злосторствата нацистите по втората светска војна не беа судени од редовните судови на „третиот рајх“, туку специјален суд и Нирнбершкиот процес осигура фер судење и праведна казна за сторителите. Затоа, според Либералната Партија, барањето правна разрешница во тековниот судски и обвинителски естаблишмент е избегнување на реалноста и суштината на проблемот.
Либералната Партија смета дека МАНУ треба да ни се придружи на сите кои бараме итна оставка на Груевски, што ќе овозможи формирање нова, Концентрациона Влада, која што ќе го врати достоинството и духот на демократските институции.
Јавноста очекува став на органите на МАНУ, па Либералната Партија ги охрабрува органите на Академијата да ја вклучат МАНУ во барањето решенија за разрешување на постојната политичка криза.
Одговорност на секоја елита, вклучително интелектуалната, е да го врати владеењето на правото и спроведувањето на Уставот и законите. Одговорноста е дотолку поголема, бидејќи е јасно дека злоупотребата на моќта, власта и институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја носат земјата не само во политичка, туку и во се подлабока институционална криза што темелно ја загрозува земјата по сите основи. ПАРТИЈА на Собранието му предложи закон за амнестија на Кежаровски, но таа единствена можност не доби широка поддршка не само од власта, туку и од некои тогашни опозициски пратеници. И тогаш и сега, тврдиме дека новинар не може да биде осуден и затворен за истражувачко новинарство.
Да бидеме доследни и истрајни во барањето механизми за ослободување на Кежаровски и да ја поддржиме слободата на изразувањето и новинарската фела“, се вели во соопштението на Либералната Партија.