По правосилната пресуда донесена со спогодување на шестоосомничениот во случајот „Пуч“, З.К. и јавното обвинителство, Ангеле Илиевски, адвокат на првоосомничениот во овој случај, Зоран Верушевски, вели дека е нелогично што му е понудена спогодба на лице кое е дополнително осомничено во случајот, пред такво нешто да се случи со неговиот клиент.
Во изјава за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М, тој вели дека воопшто не се сослушани и другите осомничени, вклучувајќи го и лидерот на СДСМ Зоран Заев. „На Верушевски не му е понудено ништо во врска со кричните дела шпионажа и насилство спрема органите на власта ниту, пак, му се презентирани докази со степен на основано сомнение.
Не е логично на петто, односно шестообвинетиот да му се нуди спогодба, тој да признава некакво си дело, а да не се сослуша, воопшто да не се сослуша по наредбата за спореведување истражна постапка на јавното обвинителство првоосомниечниот Зоран Верушевски. Има и уште две лица во притвор и тие не се сослушани.
Ни четвртоосомниечениот не е сослушан воопшто за овој случај“, вели адвокатот на Верушевски. За адвокатот Илиевски е сомнителна појавата и улогата на двајцата новоосомничени, од кои едниот е веќе осуден откако наводно ги признал делата за кои се товари.
За новите 30 дена притвор за Верушевски, адвокатот Илиевски вели дека не станува збор за продолжување на претходниот притвор за недозволено поседување оружје, туку за нов притвор за делата шпионажа и насилство кон државните органи, иако воопшто не е сослушан за тие дела. „Верушевски досега не е сослушан воопшто за овие дела.
Во петокот кога му одреден притвор од 30 дена сослушан е само во врска со предлогот на обвинителството за изрекување на мерката притвор во траење од 30 дена. Конкретно, на одбраната не и се посочени нити дадени никакви докази, а според член 165 став 1 од ЗКП, за лицето што е осомничено мора да постојат докази. Докази до степен на веројатност.
На одбраната не и се презентирани такви докази ниту на осомничениот“, вели Илиевски. Во дебатниот дел на емисијата „360 степени“, Суад Мисини и Петар Арсовски ја анализираат политичката состојба по 5-та „бомба“ на Заев и последните потези на власта – извршната и судско-обвинителската. Повеќе во видеото