Заев: Изразувам искрено и длабоко сочувство за убиството на Борис Немцов

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на убиениот опозициски лидер во Москва, Борис Немцов и до граѓаните на Руската Федерација.
 
„Изразувам искрено и длабоко сочувство за бруталното убиство на Борис Немцов, до вас – семејството на Борис Немцов, до неговите пријатели, колеги, но и до граѓаните – поддржувачи, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Семејството на Немцов, но и граѓаните на Русија и светот загубија храбар човек и борец за демократските вредности како што се слободата и владеењето на правото.

Нема зборови за утеха, но нешто што може да даде сила во овие моменти е фактот дека претседателот на Обединетото демократско движење „Солидарност“ и ко-претседател на Републиканската партија на Русија – Партија на народната слобода, Борис Немцов,  ќе остане запаметен како еден од наjпосветените заштитници на граѓанските права во земјата.
Изразуваме надеж дека властите во Русија ќе спроведат брза и транспарентна истрага за околностите под коишто е убиен опозицискиот лидер Борис Немцов“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев