Сефер Цановски: Вечно сум благодарен на опозицијата што ја објави вистината за Македонија

Од:

„Драго ми е што вистината излезе на виделина.“ напиша Сефер Цановски, синот на Фијат, откако денеска лидерот на опозицијата Заев објави снимки за уривањето на зградата Космос, што ја градеше бизнисменот Фијат Цановски, која беше урната во август 2011 година.

„Благодарен сум на господ што сите ние, мојата фамилија и моите блиски останавме здрави и живи во овој период. Фијат е еден од ретките чесни бизнисмени во Република Македонија кој сиот свој капитал го има во нашава држава.

Ниту еден бизнис, ниту една сметка, ниту еден денар нема изнесено надвор од СВОЈАТА Македонија. Плановите кој ги имаше беа големи. Да го изгради Космос, да го изгради најлуксузниот ресорт Ливадиште на Охридското езеро , да го заврши студентскиот дом за ФОН Универзитетот и многу други проекти кои нажалост не се реализираа поради оваа причина.

Жал ми е за 400 и кусур вработени кои останаа на улица. Жал ми е и за 2000 фамилии кои требеше да живеат во овој комплекс. Жал ми е и се грозам што го слушам начинот на кој што сето ова беше изведено. Но и покрај се. Ние сме горди и силно го пребродивме овој период.

Би сакал во иднина ова никому да не му се случи. Никогаш да не се повтори. Ние продожуваме понатака со крената глава. Ние сме луѓе кои си ја сакаат својата матична држава и немаме намера да застанеме поради никого. Повторно имаме големи планови и повторно имаме сериозни проекти кои ќе ги инвестираме во Република Македонија. Се надевам со една нова група на луѓе кои ќе ја водат државата и кои ќе знаат да почитуваат вредноста на луѓето. Ќе им бидам вечно благодарен и на сите луѓе од опозицијата кои ја објавија вистината за Македонија. Се надевам дека после ова ке имаме силен доказ пред Меѓународниот суд на правдата во Стразбур, каде што ја тужиме државата на вредност од 65 милиони евра, колку што вредеше и самата инвестиција.

Сега сум далеку посигурен дека после ова ќе го добиеме тој процес. И целата добиена оштета ви гарантирам дека ќе биде инвестирана во Република Македонија и никаде друго. Ваквата бескрупулозност ќе биде на штета на државата односно на сите НАС како и се останато.“, напиша Сефер Цановски на својот фејсбук профил

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов