Регистрирани десет нови смртни случаи на лица заболени од болеста МЕРС во Саудиска Арабија, каде за прв пат се појави оваа болест.
Случаите се регистрирани во периодот од 20 до 26 февруари. Вкупниот број на жртви од МЕРС од почетокот на месецот во Саудиска Арабија изнесува 27 лица.
Светската здравствена организација, врз основа на прелиминарни податоци, смета дека лицата што биле во директен контакт со камили имаат поголем ризик да се заразат со МЕРС. Од појавата на болеста во Саудиска Арабија во 2012 година се регистрирани вкупно 916 заразени лица, од кои 392 починале.