Пипан се врати на клупата на МЗТ Скопје Аеродорм

Од:

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром од синоќа има нов тренер. На клупата на „металците“ повторно ќе седне Словенецот Алеш Пипан. Ова е всушност враќање на Пипан како тренер на МЗТ Скопје, а под негово водство екипата ја освои двојната круна. Тој ќе го замени Александар Јончевски, кој ќе се врати на позицијата помошник во стручниот штаб.

Пипан досега беше тренер на Унион Олимпија, а по поразот во Купот на Словенија (претходниот викенд) и елиминацијата на Олимпија беше сменет. Првиот натпревар за Пипан на клупата на МЗТ Скопје ќе го има во рамките на 23.коло од АБА лигата и тоа против неговиот досегашен тим Олимпија.

Пипан ќе биде петтиот тренер оваа сезона во МЗТ Скопје Аеродром. Почна Змаго Сагадин, го наследи Врбица Стефанов, потоа тренер беше Боби Митев и Александар Јончевски.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он